April 20, 2024, 12:37 pm

САД ИСПАЌА ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ЕКСТРЕМИСТИТЕ: Аналитичарите предупредуваат за армија од 60 илјади сириски ,,бунтовници’’ на Пентагон

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Аналитичарите предупредија дека групите поддржани од САД во Сирија честопати дезертираат и стануваат дел исламските екстремистите заедно со своето оружје. Анализата доаѓа откако беше откриено дека Пентагон планира да потроши околу 300 милиони долари за обука и опремување армија од 60.000 војници во Сирија.

Коментирајќи ги плановите на Пентагон за создавање, обука и опремување на огромна “проверена сириска опозиција” за борба против Исламската држава (ИС, порано ИСИС) во Сирија, голем број експерти во САД за Р.Т велат дека овој потег нема никаква врска со борбата против тероризмот. Наместо тоа, американското оружје и помош лесно може да дојде во рацете на исламистичките екстремисти, како што често се случуваше во минатото.

По речиси целосниот пораз на терористичките групи во Сирија, САД се чини дека се обидуваат да го реструктуираат своето воено присуство во земјата. Според буџетскиот документ за фискална година 2019 година САД размислува да создаде нова армија од елементите на таканаречената Проверена сириска опозиција . Според извештајот насловен како “Оправдување за вонредни прекуокеански операции во фискалната 2019”, армијата е “проектирана да брои околу 60.000 до 65.000 припадници”.

Документот објаснува дека околу 30.000 борци ќе спроведат “тековни борбени мисии” против преостанатите региони во кои има припадници Исламската Држава во Долината на реката Еуфрат , додека уште еден контингент од 35.000 војници ќе формираат внатрешни безбедносни сили во ослободените области.

Создавањето на масивната воена структура во друга држава има сомнителна законитост, Армијата е со големина приближно еднаква на големината на канадските вооружени сили. Покрај барањата 250 милиони долари за гранична безбедност во областите надвор од Ирак и Сирија, Пентагон бара околу 300 милиони американски долари за создавањето на новата опозициска армија која ќе биде финансирана преку сириската програма за обуки и опремување. Стартот на оваа програма е започнат за времен на администрацијата на Обама во 2014 година, програмата ги идентификуваше и обучи избраните сириски опозициски сили да се борат против ИС.

Пентагон планира да го потроши најголемиот дел од новите средства за вооружување на силите. Речиси 50 милиони долари се наменети за купување на пушки АК-47, ПКМ, како и противтенковски ракетни гранати на РПГ-7. Минофрлачи снајперски пушки исто така се наоѓаат на менито покрај рачните гранати, различни типови возила и тони муниција.

Вашингтон планира да исплаќа месечна плата, покрај обезбедувањето на новите сили со униформи, хигиенски комплети и медицинска опрема. “Во моментов, 10,000 вработени во партнерски персонал се платени стипендии. Плаќањата за поединечни стипендии се движат од 200 до 400 долари месечно. “

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This