САД ИСПРАТИ ДОПОЛНИТЕЛНИ ТРУПИ НА МЕКСИКАНСКАТА ГРАНИЦА: Околу 4 000 вojници испратени за дополнителна поддршка на границата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД испраќаат околу 4.000 војници на својата граница со Мексико на три месеци за да обезбедат дополнителна поддршка на граничните безбедносните и царински агенции, соопшти американското Министерство за одбрана.

Новите трупи ќе го зголемат бројот на активни сили на границата на 4.350,се вели во соопштението од министерството. Трупите се подготвени да изградат нови бариери на границата, односно да подигнат околу 241 км ограда од бодликава жица.

Распоредувањето беше одобрено од в.д. секретарот за одбрана Патрик Шанахан на 11 јануари.

Војниците на активна должност беа најпрво распоредени на југоисточната граница минатиот октомври кога неколку големи каравани мигранти се обидоа да влезат во САД преку Мексико.

Со првичното распоредување на границата беа распоредени скоро 6.000 војници, но поголемиот дел од нив оттогаш се вратија во своите бази.

Борбата против нелегалната имиграција и градење на ѕидот на границата беа меѓу главните предизборни ветувања во кампањата на Доналд Трамп, кои наидоа на жесток отпор кај демократите.

Тоа доведе до најдолгата политичка блокада во историјата на САД бидејќи Трамп инсистираше да добие 5,6 милијарди долари за ѕидот, а Конгресот под контрола на демократите одби да му ги одобри.

Иако владата профункционира минатата недела, сé уште нема знаци за нов договор. Конгресот има три недели да го донесе законот за границата, кој ќе мора доволно да му се допадне на Трамп за да го потпише.

Иако стави крај на блокадата, Трамп сепак сигнализираше дека е подготвен да прогласи национална итна состојба и да ги пренасочи средствата од одбраната кон изградбата на ѕидот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This