САД и понатаму број-1 во продажба на opyжје во светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД обезбедиле повеќе од третина од opyжјето што се продало во светот во последните пет години, со што ја зголемиле својата улога како најголем продавач на opyжје во светот, објави денеска шведски истражувачки институт.

Во својата последна анализа на глобалните трансфери на opyжје, Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ) проценува дека глобалниот обем на трансфери на opyжје се зголемил за речиси осум проценти во периодот од 2014 до 2018 година, во споредба со 2009-2013 година.

САД во овој период учествувале со 36 проценти во глобалната продажба на opyжје, додека  во периодот 2009-2013 ток процент изнесувал 30 отсто.

САД продале opyжје на најмалку 98 земји, далеку повеќе од кој било друг голем снабдувач, соопшти СИПРИ.

Американските испораки вклучувале „напредно opyжје како што се борбени авиони, крстосувачки и балистички проектили со краток дострел и голем број наведувачки бомби“.

Малку повеќе од половина од opyжјето што го продале САД било наменето за Блискиот Исток, каде само Саудиска Арабија купила 22 отсто од вкупната продажба на САД во регионот.

Во истиот период, Саудиска Арабија е најголем увозник на opyжје во светот, со 12 проценти од глобалниот увоз. Покрај САД, нејзините главни снабдувачи се Велика Британија и Франција.

Според СИПРИ, извозот на opyжје во регионот на Блискиот Исток речиси двојно се зголемил меѓу 2009 и 2013 година. Други големи регионални увозници се Египет, Обединетите Арапски Емирати и Ирак.

Русија, вториот по големина извозник во светот со една петина од глобалните испораки на opyжје, продала opyжје на 48 земји. Повеќе од половина од рускиот извоз бил за Индија, Кина и Виетнам.

САД, Русија, Франција, Германија и Кина се првите пет добавувачи, кои сочинуваат 75 проценти од глобалниот извоз на opyжје.

Пет земји – Саудиска Арабија, Индија, Египет, Австралија и Алжир – купиле околу една третина од opyжјето што се продава во целиот свет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This