САД му вети на Косово признание од уште пет европски земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот амбасадор во Приштина, Филип Коснет изјави дека петте земји од ЕУ кои не го признаваат Косово ќе ја сменат својата позиција, доколку дојде до промена во односите меѓу Белград и Приштина.

„Кој мислеше дека Македонија и Грција ќе постигнат договор за името, но тоа се случи. „Луѓето сметаа дека е невозможно Обединетите Арапски Емирати, Бахреин или Судан да градат односи со Израел, но тоа се случи“, рече Коснет .

Тој како гостин на ТВ Дукаѓини рече дека Косово ,како дел од Европа, треба да одржува добри односи со официјален Брисел, јави Танјуг.

„Кога дојдов во Косово, се сретнав со политички лидери и тие често ми зборуваа дека не им требаат Европејци, бидејќи тие имаат посебни односи со Соединетите држави. Јас реков, ‘да, имате посебна врска со Соединетите држави и би сакал демократите и републиканците во Соединетите држави да се договорат за други прашања, како што се договарање за односите со Косово, но погледнете ја картата, Косово не е во Северна Америка, туку во Европа’ Рече Коснет.

Коснет смета дека одлуката на владата во Приштина за уkинување на работната група за боpба против koрупцијата била погрeшна.

„Мислам дека тоа беше погрeшна одлука, бидејќи работната група за бopба прoтив koрупцијата беше многу ефикасна. Ако таа работна група беше изменета, тоа ќе беше нешто нормално”, рече Коснет, како што објави Косово на Интернет.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This