САД НЕ БИРА МЕТОДИ: Вашингтон отворено ја повикува венецуелската вojска на побуна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Има се повеќе индикации дека промената на власта во Венецуела е приоритет за Соединетите Американски Држави, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

„Ситуацијата во Венецуела продолжува да се усложнува поради зголемените надворешни притисоци и провокации. Неверојатната опсесија на САД да ја промени легитимната влада во една суверена држава преку целосно игнорирање на нормите и принципите на меѓународното право ги намалува опциите за решавање на кризата.“, истакна таа.

„Сѐ се сведува на веќе виденото: спроведување државен удар во една земја, отстранување на легитимниот лидер кој има поддршка од вojcката и народот. Се наметнува тезата дека мора да се смени власта. Се менуваат ликовите но принципот е тој.“, додаде Захарова.

„САД тоа не го но кријат. Ги користат сите средства за медиумски и психолошки пртисок, од манипулации, провокативни ширења на информации во медумите до директни уцени и поттикнување омраза. Моментално на удара на притисокот се вооружените сили на Венецуела“, додаде таа.

„Високи офицери од Вашингтон отворено ја поттикнуваат венецуелската вojcка на побуна.“, нагласи таа.

Зборувајќи за хуманитарната помош во Венецуела, Москва изјави дека е против политизација на истата и нејзино користење како параван за манипулација на јавното мислење и мобилизација на антивладините сили за државен удар.

„САД под маската на хуманитарната помош се обидуваат да предизвикаат провокација која ќе ја оправда употребата на сила“, изјави таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This