САД НЕ Е ВО СОСТОЈБА ДА СЕ ОДБРАНИ ОД НУКЛЕАРЕН НАПАД: Американскиот Конгрес предупредува дека немаат соодветна заштита од нуклеарен напад!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Копнените системи на противракетна одбрана не се во состојба да го одбранат САД од потенцијален масовен нуклеарен напад, без разлика дали станува збор од Русија, Кина, Иран или Северна Кореја, изјави американската конгресменка Елис Стефаник

© AFP 2018/ BRENDAN SMIALOWSKI

Според зборовите на Стефаник, Америка се соочува со растечка закана од нуклеарен напад, а главна закана не се само Северна Кореја или Иран, туку тука се и Русија и Кина.

„За да го зголемат нивното геополитичко влијание, тие земји нам ни фрлаат предизвици на сите фронтови и директно ја загрозуваат нашата национална безбедност“, истакнува Стефаник.

Таа потсетува дека од 18 тестирања на противракетниот штит само 10 од нив биле успешни, иако ниту еден тест не е реализиран во услови на имитација на реален напад.

„За уништување на една непријателска мета се користат четири пресретнувачи, што е многу лошо во случај непријателот заедно со ракетите да лансира и мамци кои би ги приморале нашите ракети да ги следат, и тоа е залудно“, додава таа.

Истовремено, Стефаник предупредува дека системите за противракетна одбрана се наоѓаат на Аљаска и во Калифорнија, што значи дека источниот брег на САД е практично без одбрана.

„Како би се изменила таа ситуација, неопходно е да се размести дел од противракетниот штит во Форд Драм, недалеку од Њујорк“, заклучува конгресменката.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This