САД РАСПОРЕДУВА ТЕНКОВИ ВО БУГАРИЈА: 4.000 војници, 87 тенкови и уште 900 вагони воена опрема во Бугарија, Романија и Источна Европа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Армијата на САД започна со распоредување на 4.000 трупи и 87 тенкови во Источна Европа, пренесуваат Германските медиуми

tenkovi_nato

 

Армијата на САД истоварува 87 тенкови и останата воена опрема вклучително и џипови и хаубици од три транспортни бродови во германското пристаниште Бремерхавен, пренесува Радио Бремен. Опремата се транспортира преку железница во Полска, од каде ќе се распореди низ Балтичките земји, Бугарија и Романија. Портпаролот на Германскиот Бундесвер во Браденбург изјавил дека вкупно 900 вагони опрема ќе бидат потребни за да се транспортира опремата. Целата железничка композиција ќе биде долга 14 километри.

Зајакнатото воено присуство е дел од операцијата „Атлантска одлучност“, која армијата на САД ја започна во Април 2014 година, веднаш по пучот поддржан од владата на САД во Украина. САД манипулираше со информации за вмешаност на Руската армија во Украина како алиби за трупањето на војска во Источна Европа.

Во последните десет години, присуството на НАТО на границата со Русија е зголемено за осум пати, рекол министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.

Шојгу исто така за воените вежби на НАТО рекол дека се спроведуваат блиску до Руската граница, вклучително и воените игри Анаконда кои се одржаа минатиот Јуни, а беше една од најголемите воени вежби во источна Европа од последната Студена Војна. Во Јули, НАТО имаше самит во Варшава на кој министрите за одбрана ги финализираа преговорите за поставување на мултинационални НАТО батаљони во Естонија, Латвија, Литванија и Полска, вкупно 4.000 единици.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This