САД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД СИРИЈА: Белата куќа издаде наредба за повлекување на американската војска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД почнаа да ја повлекуваат својата војска од Сирија, изјави денеска портпаролот на Белата куќа Сара Сандерс.

Таа појасни дека враќањето дома на американските војници претставува нова фаза во кампањата против терористичката организација „Исламска држава”.

-Победите над ИД во Сирија не значат крај на глобалната антиџихадистичка коалиција или на нејзината кампања. Почнавме да ги враќаме американските војници дома, бидејќи минуваме кон нова фаза во оваа кампања, рече Сара Сандерс.

Таа потсети дека пред пет години ИД била „моќна и опасна сила на Блискиот Исток”, но сега САД ставиле крај на калифатот, прогласен од групата во териториите со кои владееше.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This