САД СО КОНТРАНАПАД КОН КИНА: Масакрот на Тјенанмен е трагедија која не се заборава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белата куќа соопшти дека „масакрот“ на кинеските студенти од 1989 година, на плоштадот „Тјенанмен“ во Пекинг, е трагедија што нема да биде заборавена.

„САД ја повикуваат Кина да им оддаде почит на оние кои ги загубија животите и да дадат детален извештај за загинатите, заробените или исчезнатите во врска со настаните на плоштадот Тјенанмен на 4 јуни 1989 година“, се вели во соопштението објавено минатата ноќ.

Вашингтон исто така апелираше до Пекинг да стави крај на систематското прогон на милиони припадници на етничките и верските малцинства.

Изјавата е издадена во време кога односите меѓу САД и Кина се многу тензични и кога американскиот претседател Доналд Трамп го обвинува Пекинг за пандемијата на коронавирусот.

Крвавата интервенција на кинеската армија ноќта помеѓу 3 и 4 јуни 1989 година, стави крај на седумнеделните демонстрации на студенти и работници поради корупцијата и баарањето за демократија во Кина.

Голем број луѓе, од неколку стотици до повеќе од милион, загинаа во крвавото задушување на демонстрациите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This