САД СО РЕКОРДЕН ДЕФИЦИТ ОД 779 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Американската економија на колена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на САД ја заврши фискалната 2018 година со буџетски дефицит од 779 милијарди американски долари, најголем во последните шест години, како последица на пад на приходите поради намалување на даноците, но и зголемување на трошоците поради зголемување на јавниот долг.

Новите расходи на владата, исто така, го зголемија федералниот дефицит во 12 месеци до септември. Така, првиот целосен годишен буџет на американскиот претседател Доналд Трамп резултираше со најголем дефицит од 2012 година.

Економистите генерално веруваат дека намалувањето на даноците за компаниите и граѓаните, усвоени од американскиот Конгрес предводен од републиканците кон крајот на минатата година, како и зголемувањето на владините трошоци договорено на почетокот на февруари, ќе предизвика голем национален раст на дефицитот.

Трамп и републиканците тврдат дека даночното олеснување ќе поттикне економскиот раст и вработување. Голем дел од зголемувањето на дефицитот е резултат на зголемените државни трошоци за јавниот долг.

Задолжувањето се зголеми во текот на изминатата година, делумно за да се компензира побавниот раст на даночните приходи поради намалување на даноците, но и воените трошоци, исто така, се зголемија.

Извор: Нова Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This