САД: Сyдиpи меѓу пoлициja и дeмонcтрaнти во Минеаполис

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полиција и демонстранти во Минеаполис се судрија втора вечер по ред за време на протестите поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина во понеделникот при полициско приведување.

Дел од полицијата, која беше распоредена на покриви, употреби солзавец, пластични куршуми и димни бомби за да ги растера демонстрантите, кои ја гаѓаа полицијата со камења, шишиња со вода и други предмети.

Протестите започнаа неколку часа откако градоначалникот на Минеаполис, Џејкоб Фреј го повика обвинителството да поднесе кривична пријава против полицаецот, кој на видео снимка се гледа како со колено е потпрен на вратот на Флојд, кој се пожалил дека не може да дише и починал во полициски притвор.

Претседателот на САД, Доналд Трамп напиша на Твитер дека го повикал Федералното истражно биро (ФБИ) да ја забрза истрагата, додавајќи дека ја цени работата на локалните полициски сили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This