САД ЈА ГУБАТ ПОЛОЖБАТА ВО СВЕТОТ: САД живеат во паралелен свет кој нема врска со реалноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД ја губат својата позиција во однос на Русија и Кина, пишува германското списание „Шпигел“. На безбедносната конференција во Минхен, американскиот потпретседател Мајк Пенс зборуваше за „американско лидерство”.

„Списанието забележува дека за време на неговиот говор тој рекол дека според владеењето на американскиот претседател Доналд Трамп, „земјата е посилна од кога било “, а „Америка повторно е лидер во слободниот свет”.

Тој неверојатен паралелен свет, кој го опиша Пенс во својот говор, има многу малку врска со реалноста. Америка не е лидер, таа губи, вели списанието, додавајќи дека други земји ги претркале САД, како што се Русија, Кина, па дури и Иран.

Покрај тоа, трансатлантските односи се соочуваат со најголема криза. Освен тоа, САД продолжуваат да даваат упатства на другите, но тие не се лидер.

Претставниците на ЕУ го слушаа говорот на Пенс „со камени лица“, пишува весникот.

„Тие се свесни дека под американско лидерство, Пенс имал предвид еден да дава наредби, а други да ги извршат. Но, ова не се совпаѓа со нивните идеи за партнерство“, пишува „Шпигел“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This