April 17, 2024, 12:07 am

САД ЈА ОБВИНИ ГЕРМАНИЈА ЗА КРШЕЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ВО АЛИЈАНСАТА: Помпео побара од Германија повеќе пари за финансирање на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Исто како и неговиот шеф, претседателот Доналд Трамп, американскиот министер за надворешни работи побара од Германија поголем финансиски удел во трошоците за НАТО.

На своето прво учество на средба на НАТО, согласно со инструкциите од претседателот Трамп, новиот американски министер за надворешни работи од сојузниците побара да ја стават раката подлабоко во џебот во поглед на трошоците за Алијансата. Посебно во визирот беше Германија, Мајк Помпео на крајот на средбата со своите ресорни колеги вчера (28.04) во Брисел ја обвини за кршење на ветувањето и обврската за покачување на издатоците за одбрана.

НАТО-членките во декември 2014. година донесоа одлука издвојувањата за одбрана во временска рамка од една деценија да ги зголемат до два процента од својот брутодомашен производ. Американскиот претседател Доналд Трамп од лани инсистира сојузниците да ја исполнат таа одредба до 2024. година. Трамп ја критикува пред сѐ економски силната Германија за недоволна поддршка на САД во областа на одбраната и за недоволен ангажман во рамномерната поделба на оптоварувањата во НАТО.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ги отфрли критиките за премал придонес на својата земја: „Сметам дека Германија е исклучително присутна кога станува збор за меѓународната одговорност“. Мас истакна дека Берлин не бега од својата обврска за зголемување на одбранбените трошоци на два проценти од БДП: „Она што се очекува од нас, ќе го исполниме чекор по чекор“. Трошоците за одбрана на Германија лани изнесуваа околу 36 милијарди евра, односно 1,24 проценти од економскиот учинок.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This