САД ЈА ПРОШИРИ ЛИСТАТА НА САНКЦИИ: Американското министерство за финансии воведе санкции против пет правни лица и тројца поединци од Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за финансии на САД воведе дополнителни санкции за пет правни лица и тројца поединци од Русија, според соопштението на веб-страницата на Министерството.

© AP Photo/ Jacquelyn Martin

На листата се најдоа Олег Чирков, Владимир Кагански и Александар Трибун. Сите од нив, според Министерството за финансии, се поврзани со компанијата “Дајвтехноцентар”.

На листата на санкции се исто така компании: “Дигитал Секјурити”, “Дајвтехноцентар” и Научно-истражувачки институт Квант. Според американската страна, овие структури се поврзани со Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ).

Од 2014 година, ЕУ и САД наметнаа серија санкции против Русија во врска со ситуацијата во Украина. Москва во неколку наврати изјави дека не го поддржува внатрешниот украински конфликт и дека е контрапродуктивно да се зборува за него со јазикот на санкциите.

Администрацијата на претседателот Барак Обама на крајот на декември 2016 усвои пакет на анти-руски санкции за наводното “вмешување во изборите” и “притисок врз американските дипломати”, кои работат во Русија. Американските власти не обезбедија докази за вмешаност на Русија во хакерски напади со цел да влијаат врз исходот од гласањето. Русија ги негира овие обвинувања, а портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека тие се “апсолутно неосновани”.

На 2 август, американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша нацрт-законот одобрен од Конгресот за нови санкции за Русија, Иран и Северна Кореја. На есен, Белата куќа обезбеди листа на лица и организации во рускиот одбранбен и разузнавачки сектор кои имаат “значајни трансакции” на кои би можеле да им се наметнат санкции.

Спроведувањето на овој закон започна на 29 јануари 2018 година, Стејт департментот соопшти дека законот ќе стане ограничувачки фактор за компании и поединци кои сакаат да прават бизнис со компании од Русија и веќе доведе до губење на неколку милијарди во рускиот сектор за одбрана.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This