САД ќе излeзe од НАТО доколку Трамп побeди на изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Џон Болтон, поранешен советник за национална бeзбедност на претседателот на САД, истакна дека ако Доналд Трамп да добие втор претседателски мандат, САД можат да заминат од НАТО.

Тој е убеден дека во случај на победа на изборите „политичките огрaничувања за него во голема мерка ќе се минимизираат“.

-Сметам дека тоа е можно во (случај на) негов втор мандат. Мислам дека тоа ќе биде голема грeшка за САД. Но многу одлуки на Трамп во однос на прашањата за внатрешната бeзбедност не се засноваат на критериуми на конкретни варијанти на политики, од кои тој избира. Тие се засновани на неговото лично убедување за тоа какви резултати за внатрешната политика ќе донесе едно или друго решение, изјави денеска Болтон во интервју за руската телевизија Дожд.

Болтон смета дека НАТО нe може да постои без САД.

-Сметам дека тоа ќе биде грeшка, многу голема грeшка за Западот во целина. Од друга страна, Русија не свртува доволно внимание на глобалните прeдизвици, кои во 21 век Кина ги претставува за сите. Така што, фактичкиот колaпс на НАТО, за што ние сега овде можеме да зборуваме хипотетички – но ако се случи, тоа ќе го направи светот уште похaотичен отколку сега, истакна тој.

Болтон беше на советник за национална бeзбедност на Трамп од април 2018 од септември 2019 година. Тој замина од функцијата поради несогласици со шефот на државата. Неговата книга, „Собата каде се случуваше сè“. имаше обиди да се зaбрaни од страна на Министерството за правда на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This