САД oбвинyва: Куба со насочени радиофреквенции прeдизвикaла мистериозни симптоми кај американски дипломати

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американската Влада ја обвини Куба дека предизвикала мистериозни симптоми кај американски дипломати во Амбасадата во Хавана со насочени радиофреквенции.

Во соопштението на Националната академија на науките се наведува дека симптомите може да бидат поврзани со насочените, пулсирачки радиофреквенции на кои се изложени американските дипломати.

Одреден број американски дипломати имале симптоми како што се главоболка, гадење, вртоглавица и други необјаснети симптоми, наречни „Синдром Хавана“, за кој се шпекулира подолго време.

Последниот извештај го означува првото официјално објаснување на Вашингтон за оваа појава, иако е неубедливо.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео во октомври изјави дека владата „користела значителни ресурси“ во обид да ја реши оваа мистерија за непознати симптоми што ја имале повеќе од 40 американски дипломати во периодот од 2016 до 2018 година.

Во јуни 2018 година, Стејт департментот соопшти дека наредил враќање од должност на неколку дипломати од Кина, поради страв дека имаат слични, мистериозни симптоми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This