Саемска промоција на три книги од инфектологот Вело Марковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„И животот е сексуално пренослив: сексуално преносливи заболувања“ (учебник за студенти на медицина), книгата раскази „Приказните на татко ми“ и поетската книга
„Песни и писма од малата куќа“ во издание на “Бата прес“, се наслови на трите книги на Вело Марковски, специјалист инфектолог, познат во меѓународни рамки по своите согледувања и препораки за коронавирусо, кои денеска во 18 часот ќе бидат промовирани на Саемот на книгата.

Во предговорот на стручната книга „И животот е сексуално пренослив: сексуално преносливи заболувања“ д-р Вело Марковски нагласува дек „ставањето на повеќе сексуално преносливи заболувања на едно место ќе помогне да се има единствен пристап кон болестите кои досега се лекуваа/т во повеќе гранки на медицината како што се: инфектологија, дерматовенерологија, гинекологија, урологија…“

Како што соопшти „Бата прес“, покрај порано објавените раскази, направени според кажувањата на татко му Павле, овој пат Марковски промовира и длабоко емотивна, поетска книга, пишувана „во соба полна со влага и на минус неколку степени во собата“ на „белите места од судокуто кое го имав крај себе“.

-Книгата содржи дваесеттина песни, писма и илустрации. Тогаш, во такви тешки, безмилосни и бесмислени услови се зарекол дека ќе пишува, ќе истражува и ќе им даде живот на неговите сознанија и претпоставки од инфектологијата, наведуваат од „Бата прес“.

Д-р Вело Марковски е роден 1958 година во Папрадиште, Велешко. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, од 1999 до 2002 година бил директор на ЈЗУ Клиника за инфективни болести и фебилни состојби во Скопје, а сега е професор на Факултетот за медицински науки во Штип.

Има објавено над 80 научни трудови во домашни и меѓународни списанија, учебни помагала и три стручни книги.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This