САКААТ ДА ГО ВОСКРЕСНАТ СЈО: СДСМ преку новиот Закон за обвинителство сакаат да се спасат од одговорност за своите криминали

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во дневникот на МРТ гостуваше и Тимчо Муцунски, висок функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ при што посочи дека Социјалдемократскиот сојуз преку новиот закон за јавно обвинителство единствено сака да го воскресне СЈО со друго име кое исто така ќе има огромни хонорари и исто така да се спасат од своите криминали.

Треба да тргнеме од една општа констатација дека правосудниот систем во нашата земја за жал е распаднат. Секојдневно по ходниците во судовите, во обвинителствата граѓаните трпат тешки неправди, сведоци се на наместени судски процеси и предмет се на барање за корупција. И сето тоа е ноторна појава која што ја имаме и со која што треба да се соочиме, заклучи Муцунски.

Муцунски додаде дека поради тоа ВМРО-ДПМНЕ тргна кон изготвување на еден реформски закон со кој што ќе треба да ги реши овие предизвици.

За жал сметаме дека иако законот преставува појдовна основа за изнаоѓање на решенија, во својата суштина е далеку од реформски. Не веруваме дека може да се донесат круцијални промени. Но ајде да бидеме малку поотворени пред јавноста и конкретно да разговараме за една кампања на лажни вести, дезинформации кои се шират од страна на претставниците на Социјалдемократскиот сојуз за некакви амнестии итн. Замислете во овој закон се бараат во предоните и завршните одредби тоа што во правото се нарекува „екс пост“ по настанот, регулација на веќе преземени дејствија од страната на државниот обвинител. Овој закон, јавноста треба да знае дека во својата содржина бара политичари, законодавниот дом да има улога во распределување во конкретни предмети на конкретни обвинители. Што е целта на овој закон, пример да се легализира сето незаконско непостапување на СЈО кое што за жал беше и дополнето со по наше лично гледање и со незаконско постапување од страна на јавниот обвинител на Република Македонија. А, понатаму во други негови одредби на еден противуставен начин да се воскресне самото СЈО со ново име, со повторно можноста за давање на огромни додатоци кои што беа злоупотребени, истакна Муцуснки.

Муцунски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи секое законско решение кое што за цел има да ги подобри севкупните процеси. А, незаконско решение кое што е создадено од група поединци да се легализира противзаконското постапување ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This