САКАШЕ ДА ЈА РЕКЛАМИРА „ХУМАНОСТА“, ГО ЗАКОПА МАЈКАТА: Мајка на болно дете го „изгоре“ Боки 13 и неговата фантомска НВО за донации за лечење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мајката на болниот Игор вчера слушна одлична вест дека хумани граѓани собраа доволно пари за нејзиниот син да замине на лекување. Кога некој се обиде да го злоупотреби целиот случај, мајката излезе со жестока реакција.

Имено, откако беа собрани 15.000 евра за детето да замине на лекување во Турција, Боки 13, човек близок до Зоран Заев и Мила Царовска се обиде да собере поени и пред јавноста да претстави дека не граѓаните, туку тој лично е заслужен за ова. На овој срамен чин, реагираше мајката на Игор.

Игор беше преплашен, а мајка му плачеше над него

Никој не остана рамнодушен кога во јавноста излезе апелот за донации за Игор.

„Македонијо, во моментов имаме дете кое седи дома преплашено од судбината што го снајде. Имаме една мајка која бдее над него и плаче“.

Хуманите граѓани веднаш донираа, од срце, без јавно да бараат некој за тоа да им биде благодарен. Донираа кој колку може, тајно, затоа што сакаа да помогнат.

Бојан Јовановски, во негов стил, сакаше за тоа да добие „аплаузи“ од јавноста. Откако мајката на Игор жестоко демантираше дека тој и неговиот сојуз помогнале на било каков начин, огромен број на граѓани на социјалните мрежи го осудија Боки 13.

Боки 13 е соработник и пријател со врвот на СДСМ

Човекот кој е хуманитарец само пред камери, е близок до СДСМ и соработува со функционерите од оваа партија. Тој доби функција кога Заев стана премиер, а со него одржува средби и состаноци. Како близок со првиот човек на СДСМ, Боки 13 добива поддршка и од Фросина Ременски, па дури и од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

БОКИ 13 Е ОСУДЕН ЗА ИЗМАМА!

Боки 13 е осуден за измама, поради што ќе мора да ги врати парите кои ги земал пред 5 години!

Всушност, основниот суд во Скопје во 2009 година донел пресуда по која Бојан Јовановски мора да и врати 50.000 евра на Санда Перковска, кои ги земал во април 2007 година, со цел да оргазнизира концерт во септември истата година, на кој наводно, требало да настапат Оливер Драгоевиќ, Северина Вучковиќ, Лепа Брена и Бело Дугме.

Боки ги земал парите со цел споменатите музичари да ги сонесе на Градскиот стадион во Скопје, но бидејќи плановите не се оствариле, а тој ги земал парите, Перковска го тужела и по две години го добила случајот.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This