САЛВИНИ ИМ ЈА ОТПЕА „CIAO BELLA“ НА МЕРКЕЛ, ШУЛЦ И ЈУНКЕР: Во Баварија победи промената, а изгуби ЕУ, „стариот систем“ го отфрла Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатот од локалните избори во германската провинција Баварија покажува дека „стариот систем“ е отфрлен во Европа, напиша на „Твитер“ министерот за внатрешни работи и вицепремиер на Италија, Матео Салвини, цитиран од ДПА.

„Во Баварија победи промената а изгуби ЕУ“, напиша Салвини на социјалната мрежа.

Ова е „историска загуба за демохристијаните и социјалистите, додека за прв пат пријателите од АФД влегуваат во баварскиот парламент.

Првите резултати од регионалните избори во Баварија покажаа дека конзервативците и социјалдемократите губат поддршката, додека екстремно десничарската партија добива околу 10-11 отстои за прв пат влегува во парламентот во Минхен.

„Ариведерчи, Меркел, Шулц и Јункер“, напиша Салвини, мислејќи на Ангела Меркел, поранешниот претседател на ЕП и поранешен лидер на социјалдемократите Мартин Шулц, како и на претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This