САЛИ БЕРИША ЌЕ ОДГОВАРА ЗА ПОМАГАЊЕ ТЕОРИЗАМ: Екс-претседателот на Албанија ги отворил депоата со оружје и доделил 600.000 „калашњикови“ на УЧК!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот претседател на Албанија би можел поради изјавите за време на својот мандат дека ја помагал терористичката ОВК да одговара за кривично дело поттикнување на тероризам и помагање на тероризам. Против него би можело да биде подигната постапка пред меѓународниот суд на Косово и дополнителна истрага во веќе постоечките предмети во врска со ОВК

UCK

Не е тајна дека Албанија здушно помагаше на ОВК и во војната која таа терористичка организација ја водеше против легалната војска и полиција на Србија, но и во Македонија во текот на 2001-ва. Но екс-претседателот на Албанија во тој период Сали Бериша, сега јанво призна дека „давал огромна помош за ОВК, како и дека помогнал во нејзиниото вооружување“.

Бериша беше претседател на Албанија во периодот кога наводно во 1997.година е ограбена оружарницата во Албанија и кога „исчезнаа“ според нивните податоци, 600.000 автоматски пушки „калашњиков“, 200.000 полуавтоматски пушки „симонов“ (СКС), помеѓу 20.000 и 30.000 кинески пушки тип „10.јули“, преку илјада автомати и митралези советски системи од разни калибри, и околу 10.5 милиони куршуми, околу милион нагазни мини, илјада минофрлачи и десетина илјади мини за нив, стотина тони експлозив…

Меѓутоа, самиот Бериша сега призна дека немало никаков грабеж, туку дека тој како претседател одлучил да ги отвори вратите на воените депоа со оружје, со цел да се вооружат Албанците од Косово.

„Во тренинг центрите во Албанија беа инструктори од Франција, Германија, Америка, Швајцарија…Спрегата е толку силна што поединци подоцна одеа на усовршување на Блискиот исток, од Турција, Пакистан, па до Саудиска Арабија“, вели полковникот Ѓуровиќ.

Нашиот соговорник додава дека такви центри постоеле во Швајцарија, Германија и Австрија.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This