САЛТО МОРТАЛЕ НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ: Како Фросина Ременски од корен ги промени нејзините идеолошки размислувања?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седум години беа потребни поранешната министерка а сегашен пратеник на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски од корен да ги промени нејзините политички и идеолошки размислувања што многу зборува за карактерот на еден човек.

На 21 генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес што се одржал на 10 август, 2011-тата година во Скопје се донесени повеќе одлуки. Тодор Петров е реизбран за претседател додека за почесни претседатели се избрани академик д-р Жан Митрев и Ѓорѓија Џорџ Атанасоски. За потпретседатели се избрани Борче Стефановски, Вангел Божиноски и Исмаил Бојда и проф. др. Фросина Ташевска Ременски.

На тоа Собрание се донесени и повеќе одлуки. Избрани биле и повеќе тела на СМК како и резолуција дека државното име Република Македонија е непроменливо. Прашањата кои треба да се постават е дали Ременски сеуште вака размислува и дали ќе се спротистави на политиките на нејзинот лидер Зоран Заев кога е во прашање името или се што важело тогаш сега не важи.

На тој конгрес се донесени резолуции и за правото на македонско државјанство на Македонците по потекло и електронско гласање на македонските државјани во странство, како и за пописот на населението во Македонија и попишувањето на Македонците во Албанија, Србија и во Австралија. Еве и можност на Ременски да докаже и покаже на дело а воедно сега е власт па да иницираат заедно со ДУИ конечно македонското малцинство во Албанија да биде преизнаено. Кога можеше да гласа за двојазичност на цела територија на Република Македонија еве и можност сега да иницира заедно со нивниот коалиционен партнер повеќе права за Македонците во Албанија како и конечно признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Албанија.

Во соопштението што тогаш беше напишано од СМК стои дека има загриженост од нивна страна поради најавениот попис но и загриженост и сомневања поради пописот кој се има одржано во 2002 година.

– Генерално собрание изразува загриженост во пресрет на пописот на населението во Република Македонија и апелира до Владата на Република Македонија и Државната пописна комисија на реален и објективен попис на населението и елиминација на нерегуларностите од пописот на населението во 2002 година, стои во соопштението од СМК.

Во тоа Генерално собрание во кој е член Ременски упатува апел до Македонците по потекло за масовно попишување на престојниот попис на населението во Република Албанија но истовремено, апелира до албанските власти за избор на Македонци попишувачи и членови во регионалните и Државната пописна комисија. Ваквото “шалтање“ идеолошко и политичко на Ременски не е непозната категорија. Поранешната потпретседателка на СДСМ е поранешен член и на ВМРО-ДПМНЕ што може да се каже дека станува збор за човек за кој не му е важно дали ќе се викаме или не Република Македонија или дали Македонците ќе имаат права или ќе бидат омаловажувани во својата држава. Туку се води лично од тесно партиските интереси кои во овој момент се погубни за Република Македонија.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This