САМИТ НА Г7: Самит на Г7, Трамп сака Русија да учествува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самитот официјално ќе започне в петок во канадската провинција Квебек и ќе трае до сабота. Американскиот претседател Трамп се очекува да го напушти самитот рано и да замине за Сингапур, прескокнувајќи ја сесијата климатските промени. Русија го објави своето трајно повлекување од Г8 во 2017 година, со што групата беше реформирана во Г7.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговори на забелешката на Трамп, во врска со учеството на Москва на состанокот на Г7.

“Русија е фокусирана на другите формати, различни од Г7”, изјави портпаролот.

Коментарот следеше по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп претходно во петокот, велејќи дека Русија треба да се врати во Г8, како и да учествува на претстојниот самит на Г7 земјите.

Пред состанокот, американскиот претседател Доналд Трамп откри дека очекува тензии во областа на трговијата што се зголемуваат поради постојаните спорови околу тарифите на Вашингтон за челик и алуминиум.

Американскиот претседател излезе на Твитер за да ги изрази своите очекувања од средбата.

Во една од следните пораки во врска со состанокот, Трамп уште еднаш ги спомна “нефер трговските практики”, кои влијаат, негативно на економијата на САД.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This