March 29, 2024, 11:59 am

САМИТ НА ЗЕМЈИТЕ ОД ЗАПАДЕН БАЛКАН: Започна самитот во рамките на Берлинскиот процес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шестиот самит на држави од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес почнува денеска во Познањ во Полска, која претседава со процесот. Во рамки на самитот денеска ќе има фоpум, а утре и Бизнис форум ЕУ-Западен Балкан и Форум на цивилното општество.

Берлински процес и Самит на земјите од Западен Балкан годинава ќе се одржи до 5 јули. Тоа е иницијатива што поддржува регионална соработка на Западен Балкан и ја дополнува политиката на проширување на Европската унија.

Конференцијата организирана во рамките на Берлинскиот процес претставува платформа за европски дијалог и соработка, која дава поддршка на политиката на проширување на ЕУ, изјави полскиот заменик министер за надворешни работи Шимон Шинковски вел Сенк.

Тој додаде дека целосна европска интеграција е можна само ако граѓаните се вклучени во процесот.

Во процесот се шест партнери од Западен Балкан, Европската комисија, одделни земји на ЕУ, меѓународни финансиски институции, меѓународни и регионални организации.

Полска се приклучи на процесот во 2018 година, а во 2019 година го предводи тој процес.

Претходните самити се одржаа во Виена (2015), Париз (2016), Трст (2017) и Лондон (2018).

Берлинскиот процес е покренат од страна на германската Влада во 2014 година. На овогодинашната конференција, како што претходно беше најавено, ќе присуствува и германската канцеларка Ангела Меркел.

Портпаролката на германската Влада, Мартина Фиц во петокот изјави дека е предвидена и заедничка прес-конференција на премиерите на Полска, Матеуш Моравијецки, на Македонија, Зоран Заев, на Бугарија, Бојко Борисов и германската канцеларка Ангела Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This