САМИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ СНЕЖНИТЕ НАНОСИ: Македонците во Гора и Голо Брдо со лопати ги чистат патиштата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Оставени се сами да се деблокираат од големите снежни врнежи

Соочени со реалната ситуација и поучени од искуството од изминатите години, Македонците од областа Гора и Голо Брдо сами се деблокираат од големите снежни врнежи.

Како што пренесуваат електронските медиуми, жителите од Борје го расчистуваат снегот од патот со лопати до селото Глобочица, област Гора во Косово.

makedonci_golo_brdo

Идентична е ситуацијата и во областа Голо Брдо (со 22 села), која се протега долж албанско-македонската граница.

– Најпрво направивме мали патеки колку да може да поминуваме се до асфалтниот пат, кој селото Требиште во должина од пет километри го поврзува со граничниот премин кај Џепиште на македонско-албанската граница, што до Дебар е на оддалеченост од петнаесеттина километри. До Џепиште одиме пешки, а потоа со комбиња на превозници од Дебар, а доколку имаме поголема мака и со такси – вели Или Халилај, жител на селото Требиште и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за оваа област.

Тој, додава дека и во изминатите години, а и сега поради близината доаѓаат во Дебар каде ги обезбедуваат најпотребните намирници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This