April 24, 2024, 12:03 am

САМКА ИБРАИМОСКИ ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ: Самка виде живот за Ромите ама како тесари, ѕидари и армирачи во Германија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Самка Ибраимоски на својот ФБ профил објави оглас за ѕидари, тесари, армирачи. Сите заинтересирани, како што пишува треба да се јават на наведениот телефонски број. Она што е трагично сепак, е тоа што Самка не нуди работа во Македонија, онака како што ветуваше во преизборието, туку работа во Германија

 

Пратеникот Самка Ибраимовски на својот ФБ профил објавил оглас за вработување, но не за во некоја институција, функција или за во Република Македонија туку за во Германија.

Овој пратеник наместо да работи во вклучување на Ромите во општеството во Македонија тој посредува за нивно вработување во странство.

Неспособноста на актуелната власт да ја намали невработеноста, и да продолжи со интеграцијата на Ромите во општеството, повеќе не е тема на Самка, ниту пак на Амди Бајрам, имајќи во предвид дека сега тругваат со интересите на своите гласачи за сопствен интерес.

Граѓаните кои го виделе огласот, коментираат и прашуваат дали вака Самка Ибраимоски се бори за интеграцијата на Ромите, дали за ваков „живот“ гласаа на претходните избори.

Други пак велат дека позицијата на Ибраимоски не е да посредува на Ромите да се вработуваат во странство, туку да ги подобрува условите за живот во Македонија.

Ибраимоски во предизборието ветуваше подобрување на стандардот на живот на Ромите, интеграција во општеството преку дополнителни вработувања во државните институции, намалување на стапката на иселување на ромската популација од Македонија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This