САМКА И МЕРКО, НА МЕСТОТО НА УГЛЕДНИ МЕНАЏЕРИ: Владата на СДС на местото на способни менаџери од угледни меѓународни компании донесе луѓе без било какво знаење и меѓународно искуство!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на СДС на местото на поранешните министри кои ги донесовме од врвни мултинационални компании од Америка и Европа назначија министри кои немаат ниту барем 1 осто меѓународно искуство и знаење како нивното во делот на привлекивањето и менаџирање со крупни странски компании кои се барани насекаде во светот, вели Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

-На местото на Веле Самак кој дипломираше на Јел и кој дојде од Мајкрософт од Сиетел се постави Рамиз Мерко од Струга, на местото на Бил Павлески од Хјулид Пакард од Бостон се постави Самка Ибраимовски. На местото на Горан Мицковски кој дојде од Лондон како соработник на Кредит Свис се назначи Зорица Апостолоска чии највисок дострел беше членство во УО на агенцијта за пензиски фондови на РМ. На местото на Џери Наумоф од Чикаго дојде Зоран Шапурич. Џери кој е роден и израснат во Охајо и Чикаго, навистина имаше потешкотии со македонскиот јазик, но тоа не му пречеше да донесе 10 тина фабрики кои отворија многу нови работни места и усреќија многу семејства. Шапурич колку што разбрав е цврсто убеден дека со македонски јазик ќе ги и освои странските инвеститори, вели Груевски.

Тој додаде дека Харвардовиот студент Виктор Мизо, кој дојде од Меккензи, Магна  и Џенерал Електрик замина од позицијата директор на ТИРЗ, а на негово место дојде Александар Младеновски активист на Шарената револуција и активист на невладина организација.

-На местото на Висар Фида, ИТ инжињер од државниот универзитет во Виена и долгогоди врботен во Сименс во Германија, Австрија, Америка дојде Дарио Николовски, секретар на општинскиот комитет на СДС во Гази Баба. Значи министрите во владата задолжени за привлекување инвестиции се првиот многу загрижувачки сигнал, смета Груевски.

Дополнително вели Груевски Владата ги повлекла сите 33 инвестициски промотори од Европа, Америка и Азија, прогласувајќи ги за непотребни и за трошок.

Груевски посочува дека во овој момент не препознава тим кој може, ниту пак сака да направи значителен исчекор напред, што вели, не е добро за државата.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This