March 29, 2024, 11:50 am

САМКА, КОЧО И МЕРКО ПРИВЛЕКУВААТ САМО АПАШИ: Нула странски инвестиции и нула ново отворени работни места, но затоа во владата влегоа странски клептомани!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од неодамна, Џонсон Eлектрик компанија од автомобилската индустрија отвори фабрика во Србија во градот Ниш,инвестиција вредна 20 милиони евра,која би треба да отвори 4000 работни места,компанијата која разгледуваше можност за инвестиција во неколку земји од балканскиот регион,се одлучи за инвестиција во Република Србија.


,,Johnson Electric” e компанија која има преку 39 000 вработени лица и свои работници во фирми кои работат како подизведувачи во преку 20 земји во светот.Компанијата има свои развојни инжинерски центри во Канада,Кина,Франција.Германија,Хонг-Конг,Италија Израел,Швајцарија ,Велика Британија и Америка.

Компанијата во изминатите години пред да ја донесе својата одлука, покрај Србија како можна инвестиција ги разгледуваше и другите соседни држави,вклучително и Македонија.Имено, градоначалникот на Ниш, Зоран Перишиќ, и директорите на компанијата Џонсон електрик, Лоран Кардон и Мајкл Фридрих, потпишаа договор со кој на оваа компанија без надомест и се дава градежно земјиште во јавна сопственост за изградба на фабрика. Инвестицијата е вредна 15-20 милиони евра, а во фабриката во Ниш, Џонсон електрик ќе произведува електрични компоненти за автомобили наменети за пазарот на Западна Европа.


Со политичката криза наметната од страна на СДСМ во изминатите три години и немањето на стратегија на новата влада на СДСМ,заедно со својот тим за привлекување на инвестиции,како ќе се привлекуваат странски инвестиции,односно кој ќе биде моделот со кој ќе се настапи,се стекнува впечаток дека Македонија како дестинација за привлекувањ е на странски инвестиции ја губи позицијата,односно ја губи трката со другите држави во соседството, која што ја имаше пред неколку години.

Соседните држави,а тука мораме де ги потенцираме Србија и Бугарија како најголеми конкуренти на Македонија, забрзано работат на пакетите кои им ги нудат на странските компании и сведоци сме дека секојдневно се отвараат или најавуваат нови компании кои ќе инвестираат во овие земји.
Македонија со доаѓањето на новата влада на СДСМ, го оспоруваше предходниот успешен модел на привлекување на странски инвестиции,осмислен од страна на ВМРО-ДПМНЕ и во 70-те дена практицирање власт, покрај бројните полемики и дебати кои ги имаше во предходниот период,не превзеде ништо на планот на привлекување на нови странски инвестиции,освен укинувањето на економските промотори.


Зоран Заев со новиот владин тим за привлекување на инвестиции,на чело со Рамиз Мерко,Самка Ибраимовски,Зоран Шапуриќ,Зорица Апостоловска и Кочо Анѓушев како министри без ресор за привлекување на инвестиции, со своето сиромашно работно искуство во делот на привлекување на странски компании не влеваат надеж дека ќе можат сериозно да одговорат на предизвикот наречен придобивање или привлекување на нови странски инвестиции и отварање на нови работни места.
Никој од инвеститорите од типот на Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Дрекслер Маер или Кромберт и Шуберт нема да му верува на Мерко.
Спротивно од лицата кои се во владата на СДСМ задолжени за инвестиции ВМРО-ДПМНЕ претходно имаше назначено искусни менаџери кои уживаат висок кредибилитет меѓу бизнис светот надвор од Македонија, како што се Веле Самак, Виктор Мизо, Бил Павлески, Џери Наумоф.

Економскиот тим за привлекување странски инвестиции на ВМРО-ДПМНЕ предводен од овие луѓе, изминативе години донесе 10-тина мега компании кои отворија над 30.000 директни работни места и им дадоа простор на домашните компании за развој и отворање на индиректни работни места. Податоците велат дека некаде околу 500 домашните компании соработуваат со странските инвеститори.

Изминативе 11 години збирно во Македонија како странски инвестиции се вложени над 3 милијарди евра. За тој период се донесени вкупно 49 гринфилд инвестиции, како и стотици помали и беа креирани над 17 илјади нови работни места.

-Во моментов во Бунарџик освен „Ван Хол“ се работат и се градат две други фабрики, „Хај Тек“ и „Гес“, потоа во Штип, „Кондево“ , ,,Ки Сејфти Системс” во Кичево,,,Џонсон Контролс “, ,,Техникал Текстај” во Штип, ,,Маркард “ во Велес,холандската ,,Антура” во Кочани, ,, ОДВ Електрик” во Охрид, ,,Технохозе” со втора инвестиција во Скопје,германскиот Костал, германски ,,Акомпласт”, американскиот,, Делфај”, италијанската ,,Диатек Макдиа”, ,,Монтанте груп” од Италија, ,,Техникал Текстајл” во Штип, ,,Гентерм” во Прилеп ,и многу други кои во изминатите 11 години инвестираа во Република Македонија.

Со проекции од самите инвеститори, вкупни директни вработувања во странските инвестиции во наредните 2-3 години ќе достигнат 34.000. Ефектите од инвестициите се видливи, извозот руши рекорди.

Во 11-годишниот период на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ,со низа мерки која ги превзеде владата на чело со Никола Груевски,Светската банка на објавената ранг листа обзнани дека Македонија е 12-та најдобра држава во светот, и шеста најдобра држава во Европа, во однос на добрите услови за водење бизнис.
Сетот мерки,отварањето на 14 ТИРЗ- зони и начинот на кој се водеа политиките за привлекуваа инвестиции во изминатиот период,Македонија ја стави на на мапата на странските ивеститори во светот.

Останува да видиме како новиот тим за привлекување на странски ивестиции на СДСМ ,предводен од Рамиз Мерко,Зоран Шапуриќ,Самка Ибраимовски,Кочо Анѓушев и премирерот Зоран Заев ќе успее да донесе нови странски инвестиции со оглед на се поголемата конкуренција од нашите соседи,затоа што тие во својата предизборна програма ветуваа нови 64 000 вработувања во приватниот сектор и просечна плата од 500 евра и стапка на раст на економијата од 5% годишно.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This