САМКА РАЗМИСЛУВАЛ ДА ГО НАПУШТИ ВЛАДЕАЧКОТО МНОЗИНСТВО: Многу бил разочаран од односот на владата и пратениците кон него и Ромите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот Самка Ибраимоски и министерот без ресор Аксел Ахмедоски се разочарани од Владата на Македонија зашто, како што велат, никој не нашол за сходно да дојде на одбележувањето на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна – објаснуваат функционерите по повод денот на геноцидот врз Ромите на 6 август

„Не само од претставниците на Владата, туку сум разочаран и од моите колеги пратеници. Ова значи дека и при вакви настани има дискриминација. Почитувани претставници на Владата и колеги пратеници, сакаме да градиме едно општество за сите, а не го спроведуваме тоа. Ромите се дел од оваа држава и се граѓани на оваа држава. Ќе размислам како понатаму ќе делуваме јас и мојата заедница и како ќе се однесуваме кон нашите сограѓани од другите заедници“, се наведува во реакцијата на Ибраимовски.

По повод Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна, во понеделникот во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје се одржа комеморација.

Комеморацијата во знак на сеќавање на жртвите од овој геноцид ја организираа министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020, Аксел Ахмедоски и здружението на граѓани „Ромаверзитас“.

Сеќавањето за геноцидот врз Ромите од Втора светска војна беше претставено низ изложба на фотографии и со читање поезија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This