САМКА СЕ ТОКМИ ЗА МИНИСТЕР: И го мерка местото на Мила Царовска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од Партијата за целосна еманципациja на Ромите (ПЦЕР) на пратеникот Самка Ибраимоски му ја честитаат пoбeдaтa на Стево Пендаровски и нагласуваат дека тие го направиле цензусот од Шуто Оризари. Ако заигра метлата, лидерот на оваа партија вели дека тие треба да го добијат Министерството за труд и социјална политика.

Преку активната работа на сите наши ограноци низ цела држава, а посебно нашиот огранок во Шуто Оризари ние успеавме во општината Шуто Оризари и низ целата држава да донесеме значајна пoбeдa за нашиот претседател. Донесовме огромен број гласови како во Шуто Оризари така и во сите општини. Нека не се китат другите партии во коалицијата со нашите резултати. Ние имаме нeyспорени доkaзи од терен кои го докажуваат фактот дека нашата партија го донесе и цензусот и пoбeдaтa на претседателот на оваа држава, вели претседателот на партијата, Ибраимоски.

Од неговата партија очекуваат, како што велат, Заев да ја пушти метлата да заигра и во сопствените редови, но и во коалицијата со цел да има поуспешна и поефикасна Влада и институции кои ќе работат за сите граѓани.

Доколку заигра метлата, ПЦЕР го бара местото министер за труд и социјална политика поради тоа што ние знаеме како да го раководиме тоа министерство, а и имаме адекватен кадар кој би работел со цел да им помогнеме прво на сиромашните граѓани затоа што сиромаштијата не познава етникум, религиска ниту било каква припадност – вели Ибраимоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This