САМОУБИСТВЕН НАПАД ВО КАБУЛ: Преку 26 лица убиени во самоубиствен напад во Авганистан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авганистанците го празнувале празникот Навуз, или персиска нова година, во Кабул кога бомбашот-самоубиец ја активирал експлозивната направа.

“Силна експлозија ја потресе целата област, а веднаш потоа видов многу луѓе кои бегаат”, вели Омер Саид очевидец на настанот.

Најмалку 26 лица загинаа, а 18 се повредени во експлозијата пред светилиштето Карт-е Саки во близина на универзитетот во Кабул.

Ова е последниот во серијата напади врз шиитските светилишта во градот.

Науруз го празнуваат голем брои на граѓани во Авганистан, но некои фундаменталистички муслимани се противат на тоа врз основа на тоа дека не е исламски празник.

Нападот на бомбашот-самоубиец претставува неуспех за владата, која вети дека ќе ја подобри безбедноста по смртоносниот напад во јануари годинава, во кој загинаа над сто лица.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This