САМО ВО СЕВЕРНА: Шоферот на Вице станува Џеjмс Бонд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зоран Витанов, личниот шофер на Вице Заев и негово обезбедување, откако беше незаконски вработен во МВР во Одделот за обезбедување, дознаваме дека од 01.12 заминува на работа на високо раководно место во Агенцијата за разузнавање. Блискоста на Витанов со директорот Ерол Муслиу датира од доаѓањето на власт на СДСМ кога Муслиу започнува да фаќа релации со кланот Заеви.

Зоран Витанов во 2017 експресно добива лиценца од МВР за агенција за обезбедување Пако Секјурити која е сместена во ТЦ Глобал во Струмица. Со огледа на тоа дека Витанов е со потекло од Кавадарци, а е струмички зет за жена дел од тимот на Заеви за контрола на власта во Струмица, тој за релативно брзо време се снаоѓа во ефектуирање на придобивките од доаѓањето на Заеви на власт.


Инаку и вработувањето во МВР и префрлањето во Агенцијата за разузнавање се во директен судуир на интереси. Работниот однос во МВР е во колизија со сродната дејност приватно обезбедување и нејасно е по кои ветинг правила Спасовски би го оставил Витанов на работа. Во АР исто така има судир на интерес бидејќи лицето има и овластување како агенција за детективска дејност што пак е во колизија со природата на работата во АР.

Интересно е тоа што Муслиу во предлог-измените на законот на АР ги пресликал условите за работа и водење на АР од законот за АНБ освен одредбата лицето да нема судир на интереси. Ова од страна на Муслиу е свесно пропуштено бидејќи и самиот тој е во судир на интереси за НВО на неговата сопруга која ангажирала вработени во АР во семејната НВО кои по доаѓањето на Муслиу за директор ги унапредил на највисоки раководни позиции во АР. ДКСК за овој судир ма интереси сеуште се нема произнесено од август оваа година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This