April 16, 2024, 10:45 pm

Само во Тетово откриени 59 технички нeисправни возила за превоз на патници во последната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За една година СВР Тетово има откриено 59 технички неисправни возила за превоз на патници.

Во период од ноември 2020 година досега СВР Тетово на поширокото тетовско подрачје има вкупно поднесено санкции за 59 технички неисправни возила кои вршеле превоз на патници. Најмногу мерки (12) биле изречени во текот на овој месец, потоа 9 санкции во март, 7 во мај итн.

Според евиденцијата на полицијата, најчеста неисправност констатирана кај санкционираните возила биле неисправни сопирачки, како и неисправни уреди за управување, додека кај неколку од нив недостигала и потребната опрема што требале да ја поседуваат.

– Секторот за внатрешни работи Тетово во континуитет врши контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници, пред сé, на автобуси и комбиња кои секојдневно или транзитно сообраќаат на подрачјето. Упатуваме апел до возачите на автобуси и комбиња редовно да ја проверуваат техничката исправност, со што ќе придонесат за сопствената и за безбедноста на патниците кои ги превезуваат и за што се најодговорни. Истото се однесува и на фирмите-превозници, чија законска обврска е да обезбедат максимални услови за нормално и безбедно превезување на патниците, без разлика дали организираат локални, национални или меѓународни дестинации – вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Законски предвидените поднесоци и парични глоби согласно Законот за возила за физички лица изнесуваат 400 евра во денарска противвредност, a за правните лица 2000 евра во денарска противвредност и дополнително 500 евра за одговорното лице.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This