Александар Пандов, на социјалните мрежи го кометираше апсењето на Александар Јанев, поранешен началник за организиран криминал во МВР и Илија Чалшев Менис, полициски инспектор за организиран криминал, кои вечерва, заедно со уште едно лице беа уапсени за оддавање службена тајна во случајот што го обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ за рекетот во РЕК Битола.
„Само во тоталитарни држави како Македонија, после скандал кој го обзнани претседателот на ВМРО, Христијан Мицкоски како братот на Зоран, Вице Заев се заканувал и изнудувал од фирма 250.000 € во кеш, плус менувана е во полиција пријавата во која најдиректно се посочува Вице, не е уапсен главниот рекетар или некој од неговите пајташи, туку се апсат полицајци! – коментира Пандов.
Во скандалот, како што објави партијата, е вмешан Вице Заев, братот на премиерот. МВР потврди дека се приведуваат полициски службеници за оддавање службена тајна. Вечерва се приведени три лица.