САМО ВО ШВАЈЦАРИЈА ЖИВЕААТ 100 ИЛЈАДИ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ: Околу 30 000 имаат добиено швајцарско државјанство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 100 000 македонски граѓани живеат и работат во Швајцарија, а околу 30 000 имаат добиено швајцарско државјанство. Овие податоци ги пренел заменик-директорот за иселеништво и миграција на Швајцарија, Михаел Хекендорн, на средбата со министерот за диајспора Едмонд Адеми денеска во Берн.


–Хекендорн го запозна министерот Адеми со начинот на кој Швајцарија го реализира целиот процес на интеграција и притоа даде комплименти за македонската дијаспора, која е целосно интегрирана во швајцарскиот систем – соопшти Кабинетот на Адеми за неговата средба со Хекендорн, на која присуствувале и Кристијан Винтер, министер, регионален координатор за Југоисточна Европа, и Андреас Гериц, заменик-директор за Западен Балкан во Швајцарската агенција за развој и соработка.

Министерот Адеми истакнал дека во март оваа година нашата Влада ја усвои првата Национална стратегија за соработка со дијаспората со што е поставена цврста основа за нови стандарди во соработката помеѓу Република Северна Македонија и нејзината дијаспора.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This