САМО ЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ШЕФ НА ФФМ: Мухамед Сејдини единствен кандидат за претседател на ФФМ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Мухамед Сејдини, актуелниот в.д.претседател на Федерацијата, и официјално е единствениот кандидат за претседател на ФФМ во пресрет на Изборното Собрание на Фудбалската Федерација на Македонија. Ова го констатираше Комисија за Избор и Именување на ФФМ, која откако ги доби сите извештаи од Собранијата на општинските сојузи, констатира дека на Изборното Собрание кое ќе се одржи на 17 март, ќе се оди со еден кандидат.

Да потсетиме дека Сејдини официјално доби номинација од својот матичен општински сојуз, од ОФС Кичево. Инаку се најавуваа повеќе противкандидати во трката за местото прв човек на ФФМ, но ниту една од најавите не се остварија. Минатата недела Влатко Костов јавно се откажа од трката. Сега останува на 17 март делегатите на Собранието на ФФМ да решат дали ќе ја прифатат кандидатурата и Сејдини ќе биде новиот прв човек на Фудбалската Федерација, или нема да ја прифатат. Останува да видиме на 17 март.

На крај да споменеме дека процедурата налагаше сите номинации или лица – кандидати најдоцна до 25 февруари бидат предложени за претседателската трка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This