April 19, 2024, 12:24 am

Само една вакцина е делува против сите варијанти на коронавирусот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината Модерна против коронавирус делува и против новите, позаразни варијанти на пандемскиот вирус пронајдени во Велика Британија и Јужна Африка, велат научниците од фармацевтската компанија, пренесе Вијести.ме

Според Би-Би-Си, раните лабораториски тестови сугерираат дека антителата активирани од вакцината можат да препознаат нови варијанти и да се борат против нив. Новите варијанти на мутираниот коронавирус брзо се шират во многу земји.

Сепак, потребни се повеќе студии за да се потврди дека ова важи за луѓето кои биле вакцинирани.

Експертите веруваат дека мутираниот коронавирус кој во Велика Британија, се појави во септември, е можеби и до 70% позаразен.

Тековните вакцини се дизајнирани за претходните верзии, но научниците веруваат дека тие треба да делуваат против поновите верзии на коронавирусот.

За оваа студија, истражувачите испитале примероци од крв земени од осум лица кои примиле препорачани две дози вакцина Модерна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This