April 26, 2024, 10:03 am

САМО ИЗРАЕЛ ИМА НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ: Единствената држава на Блискиот Исток која всушност има нуклеарнo оружја е Израел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема право да го обвинува Иран за производство на нуклеарно оружје, бидејќи неговата земја постојано одбива да се приклучи на сите договори за непролиферација, со што Израел се израмнува со Северна Кореја, велат експертите од Блискиот Исток.


Израел и и премиерот Нетанјаху “не се во позиција да го обвинуваат Иран за ништо, не се дел од нуклеарниот договор, ниту пак се членки [на Договорот за нуклеарна пролиферација”, рече Хамед Мусави, професор по политички науки на на Универзитетот во Техеран.

Аналитичарот потоа коментираше за шоуто на Нетанјаху во понеделникот, во кое тој тврдеше дека Израел има инкриминирачки докази дека Иран спроведува нуклеарна програма со што го крши договорот од 2015 година. Тој истакна дека единствениот ентитет во светот овластен да го осуди Иран дека не го почитува нуклеарниот договор од 2015 година, е Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ).

” Ние исто така треба да размислиме во кој момент Израел ги користи наводните докази, односно за помалку од две недели пред Трамп да донесе одлука дали САД ќе остана дел од договорот”, рече експертот, истакнувајќи дека “Израел е единствениот режим во регионот што всушност има нуклеарно оружје “.

Се верува дека Израел поседува нуклеарно оружје, иако нејзините официјални претставници никогаш официјално не негирале ниту признале дека поседуваат оружје за масовно уништување. Во последната пригода, експертите за пролиферација на нуклеарно оружје, Роберт Норрис и Ханс М. Кристенсен, во 2013-та година, тврдеа во реномираниот билтен на атомските научници дека еврејската држава престанала да произведува нуклеарни боеви глави во 2004 година, кога достигнала бројка од околу 80 проектили.

Сепак, земјата може лесно да го удвои својот арсенал, бидејќи има доволно фисионен материјал за изградба на уште најмалку 115 нуклеарни бомби, велат експертите.

Според Мусави, ако Доналд Трамп одлучи да го напушти нуклеарниот договор, ќе го убие договорот. Иран не можеше да си дозволи да не се придржува кон него поради заканите од САД за санкционирање на секоја компанија – не само на американските – кои работат со Исламската Република. “И мислам дека тоа е она што Израел го сака”, заклучи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This