САМО КАФАНИТЕ ВИДОА АИР ОД СРПЧЕ: Јадел, пиел и частел во кафани со парите на центарци – вчера потрошил 20.736 денари од сметката на ПОЦ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безмилосното и дрско трошење на парите на центарци од страна на Саша Богдановиќ-Српче, нема крај, обвини Коста Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека постојат фактури од вкупно 19.987 денари кои се платени за угостителски услуги на сметка на ПОЦ.

-Ако на оваа фактура се додаде и фактурата од вчерашниот ден од 20.736, Српче го олеснил ПОЦ за неверојатни 43.000 денари, пари кои им припаѓаат на граѓаните на Центар. Го повикуваме Српче наместо да молчи, да и даде одговор на јавноста, а и на центарци што има изедено и испиено во оваа сума на пари. Со парите кои ги има потрошено на угостителски услуги и частење на неговите пријатели, Српче можел да помогне на 10 семејства од Центар кои добиваат социјална помош од 4000 денари. Ваквото безобразно однесување на директорот на ПОЦ мора да престане, потенцира Јовановски.

Му порачува на Богдановиќ дека мора да разбере дека ПОЦ  не е фирма која ја наследил.

-Ниту е на мајка му ниту е на татко му. Таа е фирма која им припаѓа на граѓаните на Центар, а тие заслужуваат одговори. Има многу за што да одговара. ПОЦ не е бунар без дно. Праксата „Стави на фактура на фирма“ мора да престане. Како што сите си ги плаќаме сопствените желби и потреби од сопствениот џеб, така и Српче треба да си плаќа од сопствената плата. Центарци знаат да ги препознаат ваквите лоши политики. Богдановиќ го направи ПОЦ да биде бесмислено претпријатие, рече тој.

Јовановски обвинува дека ПОЦ стана симбол на расипничко трошење.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This