САМО МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА НЕМА: Заев ќе формира Комисија за менување на историјата по бугарски, а најави и по грчки терк!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По теркот на договорот со Бугарија, премиерот Заев најавува ревизија на учебниците откако ќе се договори и со Грција. Работни групи ќе ги чешлале учебниците за да негуваат пријателство, за да не трпеле штета идните генерации.

Говорејќи за црвените линии кои ги гледа како светлост во тунелот во целиот спор со името, објаснувајќи ја меѓународната пракса за тоа како оди процедурата за постигнување на ваквите договори со соседите, но и за тоа колку е важно решението за граѓаните на Грција и на Македонија, премиерот случајно или не заборави да го спомене референдум, на кој народот треба да го каже своето мислење за промената на уставното име.
Грците повторно притискаат на промена на Уставот како гаранција дека во иднина „Уставниот суд на соседната земја нема да може да одлучи дека Заев немал надлежност да го потпише конкретниот договор“. Во изјава за грчка ЕРТ владиниот гласноговорник Димитрис Ѕанакопулос вели дека прво треба да се направи ревизија на Македонскиот Устав,а потоа да важи условот ерга омнес.

– За сложено име ерга омнес, за севкупна употреба, во секој случај предуслов е уставна ревизија, барем во однос на прашањето со уставното име. Според тоа, прашањето за промена на Уставот секако дека влегува, барем на овој степен. Останатите работи ќе се разговараат и на техничко ниво за тоа колку може да постојат толкувања на Уставот на соседната земја кои би можеле да се карактеризираат како иредентистички, но ова е прашање поврзано со толкувањето. Сигурно е дека уставното име треба да се промени за да може да важи условот ерга омнес, вели Ѕанакопулос.

За упатените во децениските превирања со името на Македонија ваквите гласни пораки на грчките челници и она што Атина постојано го поставува како услов е нецивилизирано. Поранешниот дипломат Никовски вели дека невозможна е промена на името и Уставот, а да не се промени идентитетот на Македонците.

Во интервју за грчка ЕРТ Ѕанакопулос открива и дека нацрт спогодбата се уште е во фаза на разработка од грчка страна, а за доставувањето до Македонија, официјално ќе биде соопштено од грчкото МНР. Откако македонската влада во знак на градење доверба го смени името на автопатот и аеродромот, првиот грчки дипломат сега може комотно да пристигне во Македонија и со авиони. Планирано е неговата посета да биде кон крајот на март или почетокот на април.

Извор: ТВ Алфа

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This