САМО МУРТИНЕЦОТ, ИЗРОД: И Киро Глигоров беше против договор со Бугарија кој го негира постоењето на македонска нација и јазик!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај критиките за неговите ставови и улога во однос на прашањето за името кое рефлектираше промена на знамето на Република Македонија и прифаќање на срамната референца БЈР Македонија, поранешниот претседател Киро Глигоров бил против штетен договор со Бугарија со кој се негираат македонската нација и јазик, се сеќаваат негови соработници.

Претседателот Глигоров сметал дека ќе биде навредливо и погубно ако се потпише било каков договор со кој ќе се нанесе непоправлива штета на генерации Македонци кои се бореле за независната држава и нејзиниот интегритет и суверенитет.

Овие ставови на Глигоров се од периодот околу потпишувањето на спогодбата со Бугарија во 1999 година која прво е помалку штетна од договорот на Заев затоа што има далеку помало правно значење, а дополнително во неа воопшто нема никаква заедничка историја на чие признавање и славење би се обврзале двете земји, како што е тоа сега.

Изјава од тој период против штетен договор со Бугарија во кој не би се признале македонската нација и јазик има и од тогашниот премиер Бранко Црвенковски кој меѓу другото вели:

„Неподготвеноста во Бугарија да се признае засебноста на македонскиот народ и засебноста на македонскиот јазик, создава сомнеж. Јас ви тврдам дека ако тоа прашање се реши, а може да го реши само бугарската страна, испочитувајќи го тоа право дека во тој момент, никаква резерва, во моментов и во наредните не знам колку години, децении или векови во односите меѓу двете земји, двата народи повеќе нема да постои“.

18 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This