April 19, 2024, 11:25 am

САМО РЕФЕРЕНДУМ НЕ СПАСУВА: Единствен спас од Бадентеровата уставна мајоризација на малцинството е референдум по иницијатива на 150.000 гласачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не постои забрана или ограничување за распишување на референдум на државно ниво за било кое прашање, ако се покрене граѓанска иницијатива со собирање потписи од 150.000 избирачи!

После војната во 2001 година, наместо уставни гаранции за заштита на малцинството од мајоризација на мнозинството, Македонија доби Устав во кој системски е извршена бадентерова мајоризација на малцинството врз мнозинството! Со уставни процедури и одредби извршена е системска блокада на системот. Намерата беше граѓаните да се елиминираат од можноста за било каква измена на Уставот во којшто не може да се изврши било каква измена без согласност на мнозинството од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија!

Според членот 2 став 1 од Уставот, во Република Македонија суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните, а според ставот 2 на истиот член, граѓаните на Република Македонија власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници, но и по пат на референдум и други облици на непосредно изјаснување.

Во согласност со членот 61 став 1 од Уставот, Собранието на Република Македонија е претставнички орган на граѓаните и носител на законодавната власт во Републиката, неговите надлежности се утврдени во членот 68 од Уставот.

Во членот 68 став 1 алинеја 10 од Уставот, “Собранието на Република Македонија распишува референдум.“

Во членот 73 став 1 од Уставот, пак, е утврдено дека “Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“. Во ставот 2 од овој член се вели “Одлуката на референдумот е усвоена, ако за неа гласало мнозинството од избирачите кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број избирачи.“ Според ставот 3 на овој член “Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.“ А, во ставот 4 од истиот член се вели дека “Одлуката донесена на референдумот е задолжителна“!

После војната 2001 година, со амандмани на Уставот беше воведен бадентеровиот модел на двојно одлучување, како превенција од мајоризација на мнозинството врз малцинството.

Во согласност со членот 28 став 3 од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните (“Службен весник на Република Македонија“ број 81/2005) “Референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“

Во членот 20 од Законот за референдум е утврдено дека референдум на државно ниво распишува Собранието на Република Македонија по сопствена иницијатива и по предлог на најмалку 150.000 граѓани!

Според членот 21 од Законот за референдум, “предлогот за распишување референдум на државно ниво со образложение се поднесува до претседателот на Собранието на Република Македонија, а Собранието е должно во рок од 30 дена од поднесувањето на предлогот да донесе одлука за распишување на референдум!“

Според членот 24 од Законот за референдум, “референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум) и за одлуки донесени од Собранието или за изјаснување на граѓаните за други прашања за кои одлучувало Собранието (дополнителен референдум).“

А, според членот 25 од Законот за референдум “референдум на државно ниво може да се распише за прашања што треба да се уредат со закон (претходен референдум) или за преоценување на закон што претходно е донесен (дополнителен референдум).“

Постапката за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво е уредена во членовите 66 до 73 од Законот за референдум. Имено, граѓанската иницијатива на државно ниво се покренува на предлог на 100 граѓани. Предлогот за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво се доставува до претседателот на Собранието, кој откога ќе утврди дека иницијативата е поднесен од овластен предлагач по прашање за кое е надлежно да одлучува Собранието, во рок од три дена за тоа ќе го извести првопотпишаниот како овластен предлагач. Ако претседателот на Собранието утврди дека иницијативата е неуредна, прашањето во врска со иницијативата ќе го стави на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, но не подоцна од 15 дена од денот на утврдувањето на неуредноста на иницијативата. Собранието со заклучок утврдува дали иницијативата е уредна, а претседателот на Собранието го известува овластениот предлагач за заклучокот на Собранието во рок од три дена од денот на неговото донесување.

Кога претседателот на Собранието ќе утврди дека иницијативата е уредна, преку претседателот на Владата на Република Македонија, го известува органот на државна управа надлежен за евиденција на избирачкото право. Постапката за собирање на потписи започнува да тече по 20 дена од денот на доставувањето на известувањето од претседателот на Владата на Република Македонија до органот на државната управа надлежен за евиденција на избирачкото право.

Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот да ја спроведе во рок од три месеца од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност. Ако во овој рок не се спроведе граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот, се смета дека иницијативата не е покрената.

Потписите на граѓаните за граѓанската иницијатива на државно ниво се даваат на образец пред органот на државната управа надлежен за евиденција на избирачкото право и во рамките на работното време. Образецот го содржи предлогот за кој се собираат потписите на граѓаните и податоците за реден број, име и презиме, единствен матичен број на граѓанинот и простор за личен потпис на граѓаните. Образецот на кој се даваат потписите на граѓаните се заверува со печат и потпис на службеното лице пред кое тие се потпишуваат. Во општините и градот Скопје во кои покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо во службена употреба е и друг службен јазик и неговото писмо, образецот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмото што е во службена употреба во таа општина и градот Скопје.

Граѓанска иницијатива на државно ниво за поднесување на предлог за пристапување кон измена на Уставот и за распишување на референдум се смета за покрената ако најмалку 150.000 граѓани со свои потписи ја поддржале иницијативата. Овластениот претставник на предлагачот, образецот со потписите на граѓаните за предлогот за кој е покрената иницијатива на државно ниво го предава на претседателот на Собранието во рок од три дена од денот на завршувањето со давањето на потписи.
Собранието без расправа донесува одлука за граѓанската иницијатива во рок од 30 дена од денот на приемот на предлогот…

Дилема во јавноста повеќепати отвори членот 28 став 3 од Законот за референдум, според кој “Референдум на државно ниво не може да се распише за прашања за кои Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.“

За волја на вистината, Уставот не содржи забрани и ограничувања за распишување референдум за било кое прашање од надлежност на Собранието. Ниту Законот за референдум забранува или ограничува распишување на референдум. Собранието САМО утврдил за кои прашања самото тоа, самоиницијативно, по предлог на најмалку еден пратеник а со одлука на мнозинството од вкупниот број пратеници НЕ МОЖЕ ДА РАСПИШЕ референдум!

Досега евидентирани се неколку иницијативи до Уставниот суд за поништување на членот 28 став 3 од Законот за референдум. Но, Уставниот суд досега не повел постапка за оценување на уставноста на членот 28 став 3 од Законот за референдум и тоа со пет решенија: Решение У.бр.197/2005 од 13 септември 2006 година, Решение У.бр.260/2009 од 26 мај 2010 година, Решение У.бр.51/2013 од 8 април 2015 година, Решение У.бр.16/2015 од 23 септември 2015 година и Решение У.бр.28/2017 од 17 мај 2017 година.

Уставниот суд со овие решенија, не потврдил забрана или ограничување за распишување на референдум по било кое прашање, макар и по тие за кое Собранието одлучува со бадентерово двојно мнозимнство. Напротив, Уставниот суд во образложението на овие решенија со коишто не повел постапка за оценување на уставноста на членот 28 став 3 од Законот за референдум, меѓу другото, го дал следното толкување:

“Од содржината на членот 73 став 1 и членот 68 став 1 алинеја 10 од Уставот произлегува дека за распишување на референдум одлучува Собранието на Република Македонија и тоа за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Според Судот интенцијата на уставотворецот со членот 73 став 1 од Уставот била Собранието да може да одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од неговата надлежност по правило по сопствена иницијатива, односно пo барање на самите пратеници и доколку за тоа се одлучи со мнозинство од вкупниот број пратеници.

Исклучок од наведеното правило е утврден во членот 73 став 3 од Уставот според кој Собранието е должно да распише референдум кога предлог за распишување ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи. Според Судот, ставот 3 на членот 73 од Уставот треба да се толкува во смисла дека распишувањето на референдумот од овој став на член 73 е задолжително не според предметот односно прашањето поради кое треба да се распише референдумот, туку според својството на предлагачот (150.000 избирачи). Имено, во овој случај Уставот не остава можност Собранието да одлучува или проценува дали треба или не да се распише референдум, туку едноставно е обврзано да го распише референдумот за предлогот-прашањето за кое се собрани 150.000 потписи.“ (Ист цитат и во Решението У.бр.197/2005 од 13 септември 2006 година и во Решението У.бр.51/2013 од 8 април 2015 година)

Имајќи предвид дека во ставот 1 на членот 73 од Уставот “Собранието одлучува за распишување на референдум за одделни прашања од својата надлежност со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“, а со членот 28 став 3 од Законот за референдум се определени прашањата за коишто Собранието на Република Македонија не може да распише референдум по сопствена иницијатива, недвосмислен е ставот 3 на членот 73 од Уставот дека “Собранието е должно да распише референдум кога предлог ќе поднесат најмалку 150.000 избирачи.“

Според членот 8 став 2 од Уставот, “во Република Македонија слободно е се’ што со Уставот и законот не е забрането.“ А, Уставот ниту го забранува ниту го ограничувања распишувањето на референдум за било кое прашање од надлежност на Собранието. Членот 28 став 3 од Законот за референдум не забранува, туку определува по кои прашања од својата надлежност, Собранието на Република Македонија не може да распише референдум по сопствена иницијатива.

Оттука и обврската: Претседателот на Собранието, односно Собранието се должни да го прифатат предлогот-прашањето за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум за целата територија на Република Македонија од најмалку 150.000 избирачи. Претседателот на Собранието, односно Собранието не можат да одлучуваат или да проценуваат дали треба да се прифати или да се отфрли предлогот-прашањето за покренување на граѓанска иницијатива на државно ниво за распишување на референдум за целата територија на Република Македонија од најмалку 150.000 избирачи. Предлагачот е должен граѓанската иницијатива на државно ниво за која е поднесен предлогот-прашањето да ја спроведе во рок од три месеца од денот на добивањето на известувањето за нејзината уредност. Граѓаните се тие кои решаваат дали ќе се спроведе граѓанската иницијатива на државно ниво за којашто е поднесен предлогот-прашањето! Ако не се соберат 150.000 потписи во рокот од три месеци, се знае: Граѓаните не ја прифатиле иницијативата и по неа не се распишува референдум!

Значи, за секој предлог-прашање може да се покрене граѓанска иницијатива на државно ниво со потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на референдум за целата територија на Република Македонија! Или: Не постои забрана и ограничување за било кое прашање за коешто не може да се покрене граѓанска иницијатива на државно ниво со потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на референдум за целата територија на Република Македонија!

И, да не се заборави, во согласност со ставот 4 на членот 73 од Уставот “одлуката донесена на референдум е задолжителна“, а во согласност со членот 30 од Законот за референдум “Одлуките на референдумот на државно ниво се сметаат за усвоени ако за нив гласале мнозинството од вкупниот број граѓани кои гласале, доколку гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список, освен во случаите кога за одделни прашања со Уставот и со овој закон поинаку не е утврдено.“ И, “Собранието е должно во рок од 60 дена по објавувањето на резултатите од референдумот да го уреди прашањето, односно законот по кој се одлучувало на референдумот, во согласност со резултатите од референдумот“!

Граѓанската иницијатива на државно ниво со потписи од најмалку 150.000 избирачи за распишување на референдум за целата територија на Република Македонија е единствениот уставен инструмент за деблокада на системот од уставните процедури утврдени во Уставот, само тоа е спас за мнозинството од уставната мајоризација со бадентеровото малцинство!

И аман, од тој дефитизам, референдумот ќе биде наместен… Па, зарем и референдумот од 8 септемви 1991 година беше наместен? Тогаш да немаме ни избори, бидејќи и тие сите се наместени. Надежта не умира последна, туку таа вечно живее. И референдумот и изборите можат да бидат наместени само ако има волја кај учесниците така да биде. Се разбира, потребна е претходна подготовка. Но, и покрај се’ и после се’, референдумот е единствен излез на Македонија од уставната блокада на власта и системот, ако не сакаме Албанците да ја составуваат Владата на Македонија и да ја кројат судбината на сите во државата до нејзино со се нас разнебитување!

Пишува Тодор ПЕТРОВ

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This