March 28, 2024, 10:59 am

САМО ШАРЕНИТЕ ПРОФИТИРАА: Незадоволни земјоделци, разочарани пензионери, прелажана младина, издадени национална чувства во првите 100 дена!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Незадоволни земјоделци, разочарани пензионери, прелажана младина, издадени национални чувства и достоинство, бизнис заедница и синдикати ставени на маргините, заборавени работници, и ниту еден, повторувам ниту еден одржлив, сериозен, поголем, суштински проект кој ќе даде надеж кај било кого дека барем нешто ќе биде добро со оваа власт, истакна на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој посочи дека граѓаните на Република Македонија заслужуваат и сакаат подобро.

– Земјодлеците се брутално третирани, без никаков однос, а министерот е многу многу ретко, скоро и да не е присутен на терен кај земјоделците. Земјоделските субвенции за кои велеа дека ќе ги зголемат не ги зголемија, и наместо тоа не ги ни исплаќаат оштетите од непогодата од мраз, потенцира Груевски.

Според него, нема никакво предвижување и во окрупнувањето на земјоделското земјиште. Тој вели дека има многу сериозен и страшен проблем со откупот на земјоделски производи, земјоделскиот труд и производ е потценет.

-Пензионерите беа понижени и измамени. Не се случи зголемувањето на пензиите кое сакавме да го направиме. Наместо покачување од по 670денари месечно како во период кога ние ја предводевме државата, добија само по 10, 20 или 100 денари покачување како резултат на законското усогласување кое новата власт неможе да го одбегне, а некои од пензионерите не добија никакво покачување за што има сведоштва, истакна Груевски.

Додаде дека дополнително се укинаа парите за изградба на пензионерски домови.

– Младите луѓе беа измамени. Им ветуваа Младинска гаранција односно понуда за работа по завршување на образованието, но тоа не се има случено, и наместо тоа сега сме сведоци на обид за релативизација на тоа ветување, при што наместо вработување после студии како што ветуваат сега веројатно ќе одат со некоја понуда за пробна привремена практикантска работа, иако и тоа не е сигурно како што гледаме, појасни Груевски.

Говорејќи за политиката на надворешен план, тој посочи дека СДСМ води политика на понижување.

Груевски истакна дека СДСМ ветуваа брз влез во НАТО и Европската Унија, но не само што тоа не го исполнија, туку и сега се обидуваат да ги измамат граѓаните, обидувајќи се да го претстават како успех деблокирањето на препораката за отпочнуваењ на преговори за членство во ЕУ.

-Македонија таква препорака имаше се до моментот кога СДС одлучи да ја втурне државата во најголемата политичка криза. Сега тоа што го промовираат како успех не е ништо друго освен враќање назад кон целите кои веќе ги имаше постигнато ВМРО ДПМНЕ, и патот кој веќе беше изоден. Затоа сега се почесто слушаме изјави дека не зависи само од Македонија влезот во НАТО и ЕУ туку од објективниот проблем со името. Па секој кој со години ги слушаше и поверува на нивните лаги природно се прашува, па нели ние, ВМРО, како гарнитура бевме проблем за решавање на името, нели според Заев проблемот е во Македонија?, посочи Груевски.

Појасни дека СДСМ сега сфатиле оти тоа не е така, па затоа одбрале политика на понижување. Според Груевски, надворешната политика е без никаков концепт и е базирана исклучиво на рушење на достоинството на државата и константно понижување.

-Градењето на добрососедски односи е посебна приказна. Се случи една од најголемите дипломатски кризи со соседна Србија, а со Бугарија потпишавме договор кој предвидува обврски само на македонска страна. Ревидирање и бришење на учебниците по историја е еден од условите кои Зоран Заев ги прифати, а беа предложени од Бугарија, и тоа ќе стане актуелно и неизбежно за една до две години од сега доколку овој договор биде ратификуван во нашиот парламент, напомена Груевски.

Според  него, пристапот на отстапки само од страна на Македонија ќе ги отвори вратите и можностите за нови блокади во иднина, доколку не бидат исполнети барањата на Бугарија во врска со договорот.

-Како Заев гради добрососедство? со тоа што прифати дека Гоце Делчев и сите македонски револуционери биле бугарски револуционери, а Илинденско востание било заедничко, и сме имале заедничка историја со бугарите. Дека на 11ти октомври 1941 година имало граѓански конфликт на идеолошка осова помеѓу бугарското население во Македонија.  Исто така не се ни обиде да издејствува признавање на македонскиот јазик, за кој нашиот сосед нема аргументи само со нас да го ословува  со фразата ,,согласно уставот,, и со ниту една друга земја тоа не го прави. Ете така заев гради добрососедство, рече Груевски, додавајќи дека којзнае што уште ја чека Македонија во идните предизвици со името и идентитетот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This