САМО ШТО ПОЧНА ДЕБАТА, ЗАВРШИ: Шилегов ги направи ненормални граѓанските активисти кои се против изградбата на гасоводот на Водно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Само што започна дебатата за изградбата на гасоводната траса која треба да поминува низ водно, таа експресно заврши. Градоначалникот на Град Скопје, Шилегов стави крај на дебатата и ги направи ненормални граѓанските активисти кои се против изградбата на гасоводот на Водно. Каприц е однесувањето на мал дел од членовите на еколошките здруженија кои што ги игнорираат аргументите за изградба на гасоводот кој поминува низ Водно, со кои ќе се направи незначителна штета на Парк-шумата, истакна градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов .

„Кога ќе почне да станува збор за каприци, а фактите се вече ставени на маса, тогаш веќе не гледам потреба дека треба да оди процесот на дебата“ – рече градоначалникот Шилегов.

Познатиот еко активист и адвокат Јанаки Митровски истакна дека Шилегов ги излажал активисти дека стои зад нив и дека е против проектот, а сега ги навредува истите кои го донеле на власт. За крај порача дека фотељата е опасен вирус.

-Петре Шилегов, кој до крај не лажеше дека стои зад нас, кој како градоначалник на Скопје даде негативно мислење за проектот, кој е во фотеља благодарение на “неколку активисти” во чиј кабинет се напикајно токму такви активисти(добро, не баш такви) сега говори за некакви каприци.Фотеља е опасен вирус, но Петре како што си си седнал во фотеља така ке си станеш со овој лицемерен однос, вели Митровски на Фејсбук.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This