САМСОНЕНКО ОСТАНУВА ВО „ВАРДАР“: Русинот останува во најмоќните спортски клубови во Македонија, барем до 2020.година!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навивачите на македонскиот шампион на крајот на оваа година ќе добијат позитивни вести од управата на „црвено-црните“. Вардар е на добар пат да го зачува тимот и главниот спонзор барем до јуни 2020 година. Со тоа ќе бидат прекинати шпекулациите за можно распуштање на тимот или некакви намалувања на апетитите на актуелниот шампион на СЕХА Газпром лига  – пренесува „24ракомет.мк“


Според порталот, играчите во РК Вардар неделава се сретнале со сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко. Тој на ракометарите на Вардар им соопштил дека ќе остане најмалку до 2020 година во клубот, а желба на човекот кој го донесе трофејот од Лигата на шампиони во Скопје е да ги задржи ракометарите во тимот и за наредната сезона.

Не е исклучено тимот да остене во ваков силен или сличен состав и по 2020 година. Оваа одлука во наредниот период се очекува на официјална „прес-конференција“ да ја потврди и раководстовото на „црвено-црните“ и претседателот на клубот, Сеергеј Самсоненко. Тогаш ќе се обелоденат и целите на клубот и можеби и некои нови засилувања со кои се преговара.

Се очекува наскоро управата на клубот ќе им понуди продолжување на договорите на неколку клучни ракометари, чии договори завршуваат во јуни 2019. Меѓу нив се Игор Карачиќ, Стојанче Стоилов, Даинис Криштопанс, Сташ Скубе, Рожерио Мораеш, Данил Шишкарев и Иван Чупиќ.

Според „Гол.мк“ Самсоненко останува и во фудбалскиот клуб „Вардар“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This