САНКЦИИТЕ НА САД КОН РУСИЈА ДОЖИВЕАА ДЕБАКЛ: Буџетот на Руската федерација во однос на БДП бележи суфицит од 3,5 %

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај четири години санкции и разни ограничувања на глобалниот пазар, воведени од американската администрација и земјите на ЕУ, податоците, заклучно со третиот квартал оваа година, зборуваат дека овој метод на притисок “за Москва да го промени своето однесување”, едноставно не функционираат.

Всушност, вчера се објавени полни податоци за буџетот на Руската федерација и тие во однос на БДП бележат суфицит од 3,5 %.

Сојузниот буџет во периодот од јуни до септември 2018 година е пополнет со вишокот од 3,5% бруто домашен производ или 2.548,2 милијарди рубљи, или 38,6 милијарди долари, известува Министерството за финансии на Русија.

Буџетските приходи во периодот од јуни до септември 2018 години изнесувале 13.988,6 милијарди рубљи, а расходите 11.440,4 милијарди.

Во буџетскиот закон за 2018 години, кој бил усвоен со предвидена цена на нафтата за 50 до 55 долари за барел, планиран бил дефицит од 1,3% . Меѓутоа, според проценките на министерот за финансии, Антон Силуанов, буџетот ќе се заврши со суфицит.

https://www.youtube.com/watch?v=DUCHtk869Sg

Сето ова се случува во ослови на големи санкции и други ограничувања наметнати на Русија од страна на Западот. Затоа овие резултати на руската економија ги изненадија дури и најголемите оптимисти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This