March 29, 2024, 12:48 pm

„САНТЕ ПЛУС“ ДОБИ ЗАБРАНА ЗА РАБОТА: По смртта на родилката, приватната болница „Санте Плус“ доби забрана за работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изададе забрана за работа на болницата „Санте плус“.

ДСЗИ соопшти дека се констатирани недостатоци при вчерашниот вонреден инспекциски надзор во болницата „Санте плус“, во однос на почитување на законската регулатива.

-Поради тоа, записнички и со решение е дадена забрана за работа се до отстранување на констатираните недостатоци, информираат од ДСЗИ.

Направен е вонреден надзор, откако минатата недела во оваа болница за време на царски рез почина родилка.

Родилката, на возраст од 31 година од Кичево, почина минатиот четврток при породување со царски рез во болницата Санте плус, при вовед во анестезија, односно при ставање на тубусот и се затвориле дишните патишта и останала без кислород.

Докторите се обидувале да ја реанимираат, но безуспешно. Бебето по породувањето е пренесено на Клиниката за детски болести, бидејќи одреден период останало без кислород. На пат кон Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) пациентката починала.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This