April 26, 2024, 10:19 pm

Сара Мејс со луди авантури само неколку дена пред породувањето

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сара Мејс брои ситно до породувањето, а за неколку дена пејачката ќе се оствари во улогата на мајка.

Сара и нејзиниот сопруг, водителот Димитар Атанасовски ги прават последните подготовки за пристигнување на новиот член.

Сара и Димитар деновиве направија фотосесија пред породувањето, а во интервју за „Женски магазин“ отркија како ќе се вика бебето доколку се роди на 8-ми септември.

https://www.instagram.com/p/BkZ2wJWHRA1/?taken-by=sarahmace_official

„Терминот за породување ми е на 9.09. Сѐ уште се мислиме за име, имаме неколку опции, зависи од тоа кога ќе се роди бебето. Но, ако се роди на 8 септември, задолжително ќе се вика Северина, хахаха. Сакам само со лесно да се породам, се да биде во ред, да е жива и здрава“, изјави Сара за спомнатиот портал.

Инаку, деновиве Сара и Димитар славеа годишнина од бракот, па по тој повод беа на планинарење. Ни бременоста не ја спречи македонската пејачка да планинари во природните убавини на Македонија.

Димитар на „Инстаграм стори“ сподели фотографија, а во описот напиша „Ако оваа има грам мозок. Планинар во девети месец“.

„ Овие девет месеци барем мене ми поминаа како 9 секунди. Искрено, сите на почетокот не плашеа, ова ќе се случува, тоа ќе се случува, ама навистина, девет месеци како песна. Сара е толку чукната, што на неколку дена пред да се пораѓа, игра ора по свадба и планинари за да види каков поглед ќе има од врвот. Инаку, генерално, мене ми поминуваа деновите буквално како сите нормални денови претходно, со исклучок на тоа што не возевме мотор само годинава. Инаку, Сара не беше воопшто трудница што се жали и ѝ е тешко (за моја среќа), па немам некој посебен ангажман. Искрено, јас бременоста нејзина, не ја ни осетив“, изјави Димитар во неодамнешното интервју за Женски Магазин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This