April 26, 2024, 10:03 am

(Сателитска снимка)ГРАЃАНИТЕ ДА СЕ СПРЕМАТ ЗА СЕРИОЗНА ВРЕМЕНСКА НЕПОГОДА: Поларен бран доаѓа од Сибир, службите на готовс!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот и ќе донесе големи снежни наноси, а во делови и мешавина од замрзнат дожд и снег

sneg_ulica

Граѓаните да бидат подготвени за полуполарни временски услови во наредните шест-седум дена со ниски температури до минус 22 степени, снег и замрзнат дожд, да внимаваат при планирање на патувањата и да не тргнуваат на пат без соодветна зимска опрема, апелира Координативното тело за справување со кризи.

Според Оливер Римевски, директор на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува драстична промена на времето поради поларен бран од Сибир, а кој ќе ја покрие целата територија на Балканот. Промената, како што рече, ќе почне со дожд и снег на повисоките места, а не е исклучена и појава на леден дожд.

sneg_ulica2

– Граѓаните треба да бидат подготвени за драстична промена на температурата. Веќе в четврток паѓањето снег ќе достигне одредени количини кои ќе направат сериозна промена во временските услови. Со снег ќе биде зафатена целата територија на Македонија, на повисоките места ќе има над 50 сантиметри, а на пониските 25 сантиметри. Ќе дува студен ветер од северозападен правец, а температурите ќе паднат сериозно под нулата. В петок, сабота и в недела нè очекуваат дури и дневни температури од минус 10, а ноќните и до минус 22 степена – изјави Римевски по денешната седница на Координативното тело.

Граѓаните, посочи, треба сериозно да ја земат превид прогнозата при планирање на патувањата затоа што снегот во комбинација со ниски температури може да донесе сериозни непријатности и последици.

makedonija-okovana-vo-sneg-od-deneska-polaren-stud-211729

Службите на ЈП „Македонија пат“, според директорот Гајур Кадриу, се распоредени на 37 пункта на цела територија и деноноќно дежураат, со втор степен за зимско одржување.

Кадриу рече дека екипите, опремени со специјална опрема и абразивни материјали, се на сите пунктови, но оти тоа не значи дека во вонредни услови, како што предвидуваат метеоролозите, сообраќајот би се одржувал како по суви коловози.

– Апелираме сите учесници во сообраќајот да бидат опремени со зимска дополнителна опрема, а особено тешките товарни возила без зимска опрема и неподготвени да не тргнуваат на пат бидејќи тие се голема пречка при вакви временски неповолности. Сите учесници во сообраќајот да внимаваат и да ги почитуваат сообраќајните знаци и правила – изјави Кадриу.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This