April 19, 2024, 11:02 pm

(Сателитска снимка)СНЕГ, ДОЖД, ВЕТЕР И НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ: Подгответе се – еве какво ќе биде времето од утре до недела!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови.

satelit_vreme

Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка, на планините и до 50 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопската котлина можно е снежната покривка да биде околу 10 до 15 сантиметри.

Од утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено.

Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.

Управувачкиот комитет за кризи, во врска со најавата од УХМР за врнежи од снег и многу ниски временски температури на територијата на Македонија во наредните денови, вчера донесе повеќе заклучоци и препораки.

Превентивните мерки се во случај да се појават определени ризици при снабдувањето со електрична енергија, сообраќајот, ризици по здравјето и водоснабдувањето.

Заклучоците и препораките од Управувачкиот комитет за кризи се однесуваат на надлежните институции кои треба да бидат со зголемена оперативна подготвеност во случај на нарушување на системот за снабдување со електрична енергија и во сообраќајот. Управувачкиот комитет донел заклучоци со кои се наложува во текот на денешниот ден сите општини во Македонија да формираат кризни штабови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This